Потребно ви е:
- Една машина во Македонија (со јавна IP адреса A.B.C.D)
- На машината инсталиран SSH сервер (openssh-server, некој SSH сервер за Windows)
- SSH клиент на вашата машина од која сакате да гледате TV (putty за Windows, ssh за GNU/Linux)
- На машината каде сакате да гледате телевизија извршете ја следната наредба: ssh -D 1080 user@A.B.C.D (за Windows: putty.exe -D 1080 user@A.B.C.D)
- Во вашиот прелистувач поставете SOCKS5 Proxy. Во Firefox тоа е во Preferences->Advanced->Network->Settings->Manual proxy configuration: Socks server: 127.0.0.1, Port: 1080.